v
+

31


---

Врати поглед свој

1

Врати поглед свој на тоа
Израелско племе ти,
Наредбите Божји чуј ги,
Дадени за векови:
(:Јас сум Господ, Творец твој,
Само од мене се бој!:)

2

Дим и облак Синај скрива,
Дури труби силен глас,
Тој од висини ни збори,
Опомени дава Тој:
(:Служи му на Бога ти,
Не на идол камени!:)

3

Силен ветар стени крши,
Молњи фрлат, гора в дим,
Кој би можел да не чуе,
За наредби вечити?
(:Со глас силен збори Бог:
Името му почитај!:)

4

И под гора народ слуша,
А од стравот паѓа тој,
Кој ли грешен може смело
Да го сретне Творецот?
(:Празнуј, празнуј, вели Тој,
Сабота е празник мој!:)

5

Родителите почитај,
Не го мрази ближниот,
Бракот верно ти го чувај,
И не кради, вели Бог.
(:Ако слушаш, ќе ти дај
Живот и во вечноста!:)

6

Нигде лажно не сведочи
Против никој ближен твој,
Ништо туѓо ти не сакај,
Ништо туѓо братово.
(:Ти ќе бидеш блажен, знај,
И ќе дојдеш в вечен рај!:)

© Оваа песна е заштитена со авторско право.