1
Работните дни штом минат,
Полни маки, полни труд,
Тогаш сабота е мила,
Моја радост, блажен мир.
Седми ден е одмор Божји,
Како ѕвезда свети тој,
Мир и утеха ни дава,
И небесни блаженства.
2
Бог по мудроста на Духот,
Нам ни даде таков ден,
Човек нек' по Божја волја
Отпочине во тој ден.
Шесте деној вреден биди,
Така вели Господ Бог,
А во седмиот ти слави,
Слави го ти Творецот.
3
Не е првиот за одмор,
Туку седмиот е, ден,
Само него Бог го даде,
Како печат небесен.
Закон Божји вечно трае,
Вечно трае негов Збор,
Сабота е вечно света
Како што е Господ сам.
4
И во Едем на Адама,
Беше празник седми ден,
И од сите патријарси
Беше тој ден празнуван.
Празник и на Христос, Павле,
И на сите беше тој,
И кој денеска го држи,
Тој ќе појде в рајски стан.
© Оваа песна е заштитена со авторско право.
Ја отвараме песната.
Ве молиме почекајте...