Господниот ден пак ни дојде
1
Господниот ден пак ни дојде,
Блаженство ни донесе тој,
И мали и големи сега
Со Господа радосни се.
Во својот благ и тивок ветер,
Низ грмеж ни зборува Бог.
О да можам да слушам вечно
Јас гласот на Господа мој.
Во доброто, а и во злото,
Со законот ме учи свој.
Нè води Тој с наредба своја
Во рајскиот изгубен дом.
2
Сум блажен јас кога го гледам
Во семирот Исуса мој,
И делата кога ги гледам
По светот што ги прави Тој.
И јас кога во ѕвезди гледам
И следам го нивниот лет,
И штом поглед во море спуштам,
И сфатам го тој чуден свет:
Со поклон јас Бога го славам,
Што мудро нè создаде нас,
И славните дела ги гледам,
Громовен му јас слушам глас.
3
Во сабота Исус во гробот,
Од трудот се одмори Тој,
И така ни сабота даде
За печат на законот свој.
Тој и денес нам спас ни дава
И кани нè во својот дом
За да закон држиме верно
И сакаме го искрено.
Го собира Бог својот народ
И славно го води Тој сам,
До небо и сабота вечна,
Во радост и во слава, знам.
© Оваа песна е заштитена со авторско право.
Ја отвараме песната.
Ве молиме почекајте...