1
О главо крунисана,
Што светот ти се смеј,
О главо полна с рани,
Ти имаш трнлив сплет.
Од чело твое тече,
Во маки крв и пот,
За тебе сега мислам,
Ти прими поздрав мој.
2
За бол и маки твои,
О јас сум само крив,
А ти си зарад' мене
На крстот распнат жив.
А јас се кајам сега,
Од цело срце, знај,
Прости ми, Христе, Спасе,
Ти прости ми за сè.
3
Ти благодарам, Спасе,
Што страдаше в тој час,
Знам смртта твоја даде,
За мене вечен спас.
Дај ми да навек гледам,
Во трнлив венец твој,
На крстот тебе, Спасе,
Низ сиот живот мој.
© Оваа песна е заштитена со авторско право.
Ја отвараме песната.
Ве молиме почекајте...