1
За тебе пролив крв
И дадов живот свој,
Со тоа платив јас
За да ти дадам спас.
На жртва дадов живот свој,
А што е твојот дар?
Од гроб те спасив тогаш јас,
На мене мислиш ли?
2
Јас дадов Татков сјај
И славен престол свој,
Го носев твојот крст
Во оној тежок час.
За тебе јас бев сиромав,
Да дојдеш в царство ти,
А што ми даде мене ти,
За тоа мислиш ли?
3
За тебе страдав сам,
На крстот мачен бев,
И в тебе гледав јас
За надеж да ти дам.
За твојот живот умрев јас,
Претрпев тешко зло,
До тебе сега стои сал'
Ме примаш или не?
© Оваа песна е заштитена со авторско право.
Ја отвараме песната.
Ве молиме почекајте...